Top Sport

(Видео) Мајорка избори финале во Купот на Кралот, на пенали го победи Реал Сосиедад

Фудбалерите на Мајорка по две децени пауза повторно ќе се борат за трофејот во Купот на Кралот. Мајорка на пенали го елиминираше фаворизираноот Реал Сосиедад. Реваншот во Сан Себастијан заврши 1:1, на пенали Мајорка победи со 5:4. Трагичар беше капитенот на домашниот тим Микел Ојерзабал, чии пенал во првата серија го одбрани Словакот Доминик Греиф.

Натпреварот на „Реале арена“ во целост го обележа голманот Греиф, кој ги бранеше сите натпревари во Купот на Кралот. Во финишот на првото полувреме му одбрани пенал на Браис Мендес, а до крајот на мечот забележа уште осум интервенции.

Мајорка дојде до предност во 50.минута со голот на Гонзалес, а во 71.минута изедначи Ојерзабал.

Пенал серијата ја доби Мајорка. На овој начин продолжи лошата серија на Реал Сосиедад. Овој тим не добил пенал серија од 1989 година.

Вториот финалист ќе биде познат во четврток кога ревашот во Билбао ќе го одиграат Атлетик и Атлетико Мадрид.

Scroll to Top