Top Sport

Модриќ не можеше да ги сокрие солзите: Ова не е крај

Реал Мадрид го доживеа еден од најтешките порази на европската сцена, а ако се погледне играта во текот на 90 минути и односот на силите на теренот, како и бројните пропуштени шанси на Ерлинг Халанд, впечатокот за настапот на Реал е уште полош од поразот од 4:0 на „Етихад“.

Мадриѓаните беа непрепознатливи, збунети, од најдобрите и најискусните како Лука Модриќ, Бензема, Крос, до сите останати, освен одличниот голман Куртоа, кој со своите интервенции спречи уште поголема бламажа.

Хрватски интернационалец беше многу тажен по натпреварот и за време на интервјуата со новинарите неуспешно се обидуваше да ги задржи солзите.

„Што се случи? Не бевме добри. Сакавме да играме поинаку и подобро, но не успеавме. Сити беше супериорен. Тоа се случи. Сити беше многу подобар. Мора да го признаеме тоа и да им честитаме. Сега треба да го прифатиме овој пораз и да видиме што ќе се случи понатаму“, изјави Модриќ.

Главното прашање сега е дали ова е крајот на големата, трофејна генерација на Реал Мадрид, која доминираше и во Шпанија и во Европа, како и дали тренерот Карло Анчелоти ќе остане на клупата или ќе следи целосна реконструкција.

„Ќе видиме. Сега треба да продолжиме понатаму. Не сакам да зборувам за иднината. Ќе видиме што ќе се случи. Знаете, овој тим може да донесе уште многу среќа на навивачите на Реал. Без сомнение, тренерот заслужува да остане на своето место и по овој пораз. Ни донесе толку многу трофеи и минатата сезона беше неверојатна. Нема потреба од драма“, посочи Хрватот.

Scroll to Top