Top Sport

Грилиш: Гвардиола е генијалец и ќе ни каже како да го победиме и Интер

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Џек Грилиш, беше пресреќен по победата од 4:0 над Реал Мадрид во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите. Тој изјави дека малку екипи можат да забележат ваков успех над „кралскиот клуб“.

„Тоа е неверојатно. Откако минатата недела бевме во страв, една недела подоцна победивме со 4:0. Нема многу тимови кои можат да го победат Реал со таков резултат. Кога сме обединети и играме, особено овде на „Етихад“, едноставно сме незапирливи. На секој натпревар се обидуваме да доминираме со поседот. Нашиот менаџер е генијалец и сигурен сум дека ќе ни каже како да го победиме и Интер. Тие се искусен тим. Секако мора да бидеш добар тим за да стигнеш до финалето. Затоа, мораме да имаме максимална почит за Италијанците“, изјави Грилиш.

Финалето на ЛШ е закажано за 10 јуни во Истанбул.

Scroll to Top