Top Sport

Модриќ во 2008 бил пред преселба во Барселона

Бојан Кркиќ, еден од најголемите таленти во историјата на академијата на Барселона Ла Масија, не оствари кариера каква што му се рпедвидуваше.

Денеска има 33 години, од летото официјално е во пензија, а последен клуб во кариерата му беше јапонскиот Висел Кобе. Тој во интервју за „Карусел Депортиво“ откри интересна приказна за тоа како Лука Модриќ требало да заврши во Барселона.

„Пред Модриќ да потпише за Тотенхем, Звонимир Бобан му се јави на татко ми и му рече: „Слушај, имам играч за тебе“. Тој му испрати видео од најдобрите потези на Модриќ и го убеди дека е одличен играч. Имаа средба со Лука и неговата сопруга во Барселона“, започна Кркиќ.

„Тој дојде со голема желба да биде дел од клубот, но во тоа време Чави и Иниеста веќе владееја и клубот не сакаше да го прекине нивното партнерство. Тогаш Модриќ сфати дека најдобро за него е да потпише за Тотенхем“, го откри Кркиќ.

Модриќ од Динамо Загреб се пресели во Тотенхем, а потоа замина во Реал. Останатот е историја, тој стана легенда на славниот клуб, ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал. За Реал има одиграни 492 натпревар, постигна 37 гола и забележа 77 асистенции.

Scroll to Top