Реал Мадирд синоќа извлекоа бод од гостувањето кај Вилјареал (2-2). По мечот тренерот Зибедин Зидан рекол дека е задоволен од играта и дека освоениот бод на гостински терен е добар.
Реал на „Ла Серамика“ стадионот го спаси од пораз Герет Бејл. Со неговите голови Реал ја анулираше предноста на „жолтата подморница“.
Од овој меч вреди да се истакне и промената на тактиката на Зидан, од 4-3-3, во 4-4-2. Во нападот на Реал прв пат заедно почнаа Бензема и Јовиќ.
„Таков ни беше планот. Знаевме дека тие имаат проблем во одбраната и поради тоа почнавме напред со Јовиќ и Бензема. Не го добивме тоа што го сакавме, а тоа е повеќе голови. Мислам дека ова е еден од начините на кои што можеме да играме. Ова го објаснува и неиграњето на Модриќ, морав него да го жртвувавм, сакав да играме подлабоко со двајца напаѓачи“, рекол Зидан.
Реал по три одиграни кола во Ла Лига има освоено пет бода.