„Франс фудбал“, синоќа ја додели Златната топка. Седми пат во кариерата лауреат е Лионел Меси.
Ако Аргентинецот е најголемиот добитник, тогаш губитници се Цесар Аспиликуета и Лука Модирќ.
Капитенот на Челси и играчот на Реал Мадрид, инаку лауреат во 2018 година, го поделија 29.мести.
Аспиликуета и Модриќ се единствените од 30.најдобри кои во гласањето за Златната топка не добиле ниту еден глас.
Меси доби 613, а Роберт Левендовски 580 гласа.