Top Sport

Модриќ: Играчите спречија тепачка помеѓу Роналдо и Мурињо

Лука Модриќ, во својата автобиографија „Мојот начин“ која наскоро треба да се појави во продажба, открива како пред седум години пукнало пријателството помеѓу Португалците, Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо.

„Игравме натпревар во Купот на Кралот, водевме со 2:0, но Мурњо збесна бидејќи во една акција Роналдо не го испрати до крај противничкиот бек. Се слушнаа пцости, а Кристијано во полувремето плачеше. Недоразбирањата продолжија до крајот на мечот, а по завршувањето трганаа и физички да се пресметаат, играчите спречија да се истепаат“, пишува во книгата.

Тој инцидент со Роналдо бил „почетокот на крајот“ на Мурињо во Реал. На крајот од таа сезона Реал не освои ништо. Во Ла Лига завршија на второто место зад Барселона, во финалето на Купот на Кралот беа поразени од Атлетико Мадрид, а Борусија Дртмунд со Левандовски ги исфрли од Лигата на шампионите во полу-финалето. По завршувањето на сезоната Мурињо си замина, а на неговото место дојде Карло Анчелоти.

Прашање е на кој натпревар се случил инцидентот помеѓу Роналдо и Мурињо. Веројатно е тоа дуелот со Валенсија, на полувремето било 2:0 за Реал, а на крајот 3:1 за „кралскиот клуб“.

Scroll to Top