Top Sport

Милион фанови гласале за Ѓоковиќ: Тој е најдобриот во историјата

Читателите на Јуроспорт имале можност во анкета да го изберат најдобриот тенисер на сите времиња. Во изборот победил Новак Ѓоковиќ.

Во финалето Ѓоковиќ добил речиси милион гласови и го победил убедливо Роџер Федерер. Српскиот тенисери добил 98 отсто од гласовите. На патото до финалето тој бил „подобар“ од Род Лејвер и Пит Сампрас, додека Федерер добил повеќе гласови од Борис Бекер и Рафаел Надал.

„Со тениски речник ова би било 6:0, 6:1 за Ѓоковиќ“, го коментра Јуроспорт резултатот од анкетата.

Федерер во кариерата има освоено 20 Гренд слем трофеи, три повеќе од Ѓоковиќ, но српскиот тенисер во меѓусебните дуели води со 27:23.

Scroll to Top