Top Sport

Модриќ ќе добие нов едногодишен договор од Реал

Лука Модриќ наскоро би требало да потпише продолжување на договорот со Реал Мадрид и да остане во клубот уште една сезона. Истото важи и за Тони Крос, германскиот играч за врска и негов долгогодишен партнер во средниот ред на тимот.

Интересно е дека Хрватот сам инсистирал на состанок со претседателот Флорентино Перез за да ги расчисти дилемите околу својата иднина. Средбата се одржала пред реваншот од полуфиналето на Купот на Кралот против Барселона на 5 април.

„Средбата се одржа на барање на играчот. Извори од Мадрид изјавија дека Модриќ лично сакал да му каже на Перез дека сака да остане и дека тоа секогаш му било приоритет“, тврди „Атлетик“.

Лука Модриќ одби огромна понуда од Саудиска Арабија затоа што сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

Scroll to Top