Лука Модриќ (37) ќе остане во Реал уште најмалку една сезона, тврдат шпанските медиуми. Капитенот на Хрватска во Реал пристигна пред 11 години од Тотенхем, досега има одиграно 477 натпревари за „кралскиот клуб“.
Радио станицата Кадена СЕР објави: „Модриќ дефинитивно ќе го продолжи договорот со Реал на уште една сезона“, а Релево додава: „Реал реши да го продолжи договорот со Модриќ. Лука го заслужи тоа на теренот. Реал се уште формално не му понудил продолжување на соработката, но му дал до знаење дека може да биде спокоен. Во секој случај, тој има загарантирано место во тимот за сезоната 2023/24“.
Договорот на Модриќ со Реал завршува за два месеци, а клубот се уште официјално не му понудил нов. Со оглед на возраста на Модриќ, тој од клубот во последните години добива едногодишни договори.