Top Sport

ПСЖ броеше до девет против Генгам! Кавани и Мбапе со хет-трик, Нејмар со два гола! (видео)

Пари Сен-Жермен апсолутно му се одмазди на малиот клуб од Бретања, Генагам за елиминацијата од францускиот Лига куп откако во неверојатен меч на „Паркот на принцовите“ ги понижи со 9:0 победа во првиот меч од пролетниот дел од шампионатот.

Откако во првото полувреме Нејмар постигна еден, а Килијан Мбапе два гола, во второто следуваше вистински атак на голот на гостите – Мбапе го комплетираше хет-трикот, Единсон Кавани постигна свој хет-трик, Нејмар додаде уште еден, за Томас Муние да го постигне деветтиот гол!

ПСЖ, нормално, остануваат суверено на врвот на Лига 1 со 53 поени и 17 победи во 19 меча и гол разлика од 62:10! Генгам се на последното место на табелата со 14 поени, еден помалку од Монако на претпоследното место.

Фото: ЕПА

Scroll to Top