Top Sport

Мурињо: Јас сум човек на Челси, но жал ми е што бев во право за Јунајтед

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, вели дека тој е „човек на Челси“ и дека е поблизок до „сините“ отколку до Манчестер јунајтед, но додава дека не му е пријатно што бил во право за состојбата кај „црвените ѓаволи“.

Мурињо беше последниот менаџер кој донесе трофеј на „Олд Трафорд“, освојувајќи ги Лига Европа и Лига купот во својата прва сезона во клубот во 2016/17, за следната сезона да ги предводи до второто место на табелата. Тој доби отказ по слабиот старт на 2018/19 и не е изненаден што проблемите продолжија и без него.

„Секако, мојата англиска врска е Челси, така ги глеам работите, бидејќи бев човек на Челси во шест години. Но, во Манчестер јунајтед, фановите се посебни. Има многу фантастични луѓе во клубот, така што не сум среќен што бев во право. Сакав да грешам, но знаев дека сум во право. Првата работа која треба да се смени кога работите не одат како што треба е менталитетот и организацијата, а тоа не се случуваше. Знаев дека и кога ќе заминам дека нема да има решение. Се надевам дека сега ќе успеат да се кренат“, вели Мурињо пред финалето на Конференциската лига помеѓу неговата Рома и Феенорд.

Scroll to Top