Top Sport

Модриќ останува на „Бернабеу“ уште една сезона

Лука Модриќ ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една година. Хрватот ги договори сите услови со клубот каде настапува откако пристигна од Тотенхем во 2012 година.

Капитенот на Хрватска потенцираше дека сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“, иако веќе неколку месеци на маса има понуда од Саудиска Арабија која изнесува 40 милиони евра по сезона од Ал-Наср, клубот каде настапува Кристијано Роналдо. Сепак, тој не сакаше ниту да размислува за заминување од Мадрид.

Модриќ освои сѐ што може да се освои со Реал, има вкупно 22 трофеи со „кралевите“, а во 2018 година ја освои „Златната топка“ за најдобар играч на светот.

Scroll to Top