Top Sport

Модриќ се повредил играјќи за Хрватска

Лука Модриќ повреден се вратил во Реал по репрезентативните настапи минатата недела. Хрватска во рамките на квалификациите за ЕУРО 2020 гостуваше во Словачка (0-4) и Азербејџан (1-1).

Капитенот на Хрватска играше по 90 минути на двата натпревари, а од клубот во четвртокот, објавија дека Модриќ имал повреда на препоните.

Клубот не објави колку време Модриќ ќе отсуствува од тимот.

Хрватот од почетокот на сезоната беше стартер на само еден меч. Во првото коло тој доби црвен картон против Селта, поради тоа го пропушти натпреварот со Валјадолид, а во третото коло со Вилјареал одигра 25 минути.

Scroll to Top