Top Sport

Србите ги победија САД, ќе се борат за петтото место

  1. Србија ќе се бори за петтото, а САД за седмото место на Светското првенство во Кина, откако Србите ги победија Американците 94.89 (32:7, 12:33, 27:28, 23:21).

Репрезентациите што сите ги очекуваа во финалето, во борбата за пласман одиграа чуден меч. Србите блескаа во првата четвртина, погодија осум тројки од девет обиди, додека на спротивната страна Американците погодија само 20 отсто од шутевите. Нереални 32:7 имаа Србите по првите десет минути.

Работите и улогите на теренот се сменија во вториот период кога Барнс, Мидлтон и Вокер го раздвижија својот тим и на полувреме заминаа со минус од четири поени.

Во второто полувреме тимовите беа израмнети, Американците го добија третиот период со поен разлика, Србите последниот со два поени. Дилемите околу победникот Србите го решија на 79 секунди до крајот кога достигнаа предност од десет поени.

Богдан Богдановиќ го обележа натпреварот со 28, 4 скокаи и 6 асистенции, а помош доби од Валдимир Лучиќ (15 поени). Кај Американците се истакнаа Херисон Барнс со 22, Крис Мидлтон со 16 и Кемба Вокер со 18 поени, 4 скока и 8 асистенции.

Србија за петтото место ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Чешка и Полска, додека Американците со поразениот од овој меч ќе се борат за седмата позиција.

Scroll to Top