Top Sport

„Најдобро искуство во кариерата? Работата во Реал“

Жозе Мурињо, за „Марка“, изјавил дека периодот од кариерата што го минал во Реал бил „најдобро искуство“ и дека единствена работа му била да „ја запре Барселона“.

Жозе Мурињо бил тренер на Реал три години (2010-2013), а во 2012 година со „кралскиот клуб“ ја освои титулата во Шпанија. Истата година го освоил и Суперкупот на Шпанија, а сезоната претходно го освоил Купот на Кралот.

Во ерата на Мурињо Реал забележале 128 победи на 178 натпревари.

„Поради она што како тренер го научив тука, поради она што станав, поради животните и тренерските лекции, работата во Реал е најдоброто искуство во мојот живот. Тоа е најдобриот спомен во мојата кариера, беше фантастично“, рекол Португалецот и дополнил.

„Она што го бараа од мене им одговараше на моите амбиции. Ми рекоа дека ривал им е најдобриот тим во светот и дека тој тим ги растура. Од мене бараа да ја свртам ситуацијата во корист на реал. Требаше да ја запреме Баеселона и финалето во Купот на Кралот на „Местаља“ беше пресудно. Потоа ништи не беше исто. За жал не успеав со реал да освојам три шампионски титули во Шпанија“.

Scroll to Top