Top Sport

Симеоне со солзи во очите: „Никогаш нема да го заборавам ова“

Атлетико Мадрид славеше сигурен триумф (4:1) над Алавес на „Ванда Метрополитано“, а тренерот Диего Симеоне имаше неверојатно емотивен момент пред натпреварот. На крајот на минатиот месец почина неговиот татко Карлос, а Атлетико Мадрид му оддаде почит со минута молчење.

Симеоне не можеше да ги сокрие солзите, а потоа им заблагодари на фановите за поддршката.

„Им благодарам на сите, никогаш нема да го заборавам ова“, изјави Симеоне.

 

Scroll to Top