Top Sport

Мохамед Сисоко ја заврши играчката кариера (фото)

Екс-фудбалерот на Ливерпул, Јувентус и ПСЖ, Мохамед Сисоко одлучи на 34 години да и стави крај на играчката кариера.

„Овде сум да ви кажам дека е готово. Ја завршувам фудбалската кариера. Така одлучив, иако ми е тешко тоа да го прифатам. Фудбалот е мојот живот, но одлуката е правилна“ рече Сисоко.

Тој беше репрезентативец на Мали, а во долгата фудбалска кариера настапуваше и за Окер, Фиорентина, Леванте, потоа во клубови во Кина, Индија, Индонезија и Мексико.

Последниот ангажман го имаше во францускиот второлигаш Сошо.

Scroll to Top