Top Sport

Сетиен: Вчера шетав крави во моето село, денес ги водам најдобрите во свет

Кике Сетиен, новиот кормилар на Барселона се претстави на „Ноу Камп“. Наследникот на Ернесто Валверде потпиша договор до крајот на сезонава со можност за продолжување до 2022 година.

„Вчера ги шетав кравите во моето село, а денес ги водам најдобрите фудбалери во светот. Со Валверде имав добар однос, коректен е, морам да му заблагодарам за работата која ја направи и за екипата која ми ја остави. Разговарав со играчите, сигурен сум дека брзо ќе се прилагодиме“ – рече Сетиен во своето прво обраќање како тренер на Каталонскиот клуб.

Тој сподели дека во годините што изминаа уживал да ги гледа играчите на Барса.

„Немам проблем да речам дека уживав последните 12-14 години гледајќи ги овие играчи на телевизија. Уживав во нивниот фудбал. Денес почнувам да го тренирам најдобриот светски играч и неговите соиграчи. Меси е Меси, Пике е Пике, Бускетс е Бускетс, ама секој мора да го знае своето место“ – рече Сетиен.

Scroll to Top