Top Sport

Момче на колена и во солзи го молеше Калехон да остане во Боливар (видео)

Од јужноамериканскиот фудбал честопати ни пристигнуваат грди сцени и необични ситуации, но овојпат од Боливија доаѓа една навистина срцепарателна приказна.

Братот близнак на фудбалерот на Наполи, Хосе Калехон, Хуанми Калехон својата кариера ја гради во боливискиот клуб Боливар, каде што веќе е шест години, и очигледно стана миленик на навивачите, откако по одигрувањето на последниот меч против Ројал Пари (2:2), еден млад навивач на клубот падна на колена и во солзи го молеше да остане во клубот.

32-годишниот Калехон не остана смирен по овој изблик на емоции и самиот заврши во солзи.

Scroll to Top