Top Sport

Момче загина во навивачките немири во Монпелје

Момче загина во францускиот град Монпелје во судири меѓу навивачите на Франција и Мароко по полуфиналето на Светското првенство. Светскиот првак Франција славеше со 2:0 и ќе игра во финалето, а иако полицијата спречи големи немири во главниот град Париз, сепак, судирите се случија во Монпелје.

Во соопштението објавено од канцеларијата на градските власти, се наведува дека 14-годишно момче вчера било „насилно удрено“ од автомобил.

Тој бил пренесен во болница, но починал набргу по пристигнувањето.

Возилото е пронајдено во близина на местото на настанот, а полицијата врши увид.

 

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');