Top Sport

Европскиот шампион Вардар на „колена“ по првото полувреме – Вардар-Кил 4:16!

Тоа што требаше да биде одмазда на Вардар за поразот на Супер глоуб турнирот на Блискиот Исток од бундеслигашот Кил, по првите 30 минути изгледа невиден „кошмар“ за „црвено-црните“, откако во својата арена „Јане Сандански“ имаат негатива од 4:16.

Дербито од групата Б од Лигата на шампионите воопшто не почна добро за Вардар, откако германскиот тим доминираше пред домашниот гол, а на голот го имаа Никлас Ландин, кој ги одбрани сите позначителни шанси на вардаровите напаѓачи.

Германскиот тим започна фуриозно и поведе со 4:0 пред вардарци да го постигнат првиот гол по 10 минути игра, но во 20. минута резултатот беше уште поневеројатен – 1:11 за Кил.

Ниту последните десет минути не беа нешто подобри за „црвено-црните“, кои сега имаат неверојатен предизвик пред себе и ќе мораат да се обидат да направат неверојатен подвиг со кам-бек.

Scroll to Top