Top Sport

Момчето вредно 37 милиони фунти, Амад Диало е новата 19-ка на „Олд Трафорд“

Амад Диало официјално беше презентиран како фудбалер на Манчестер јунајтед по комплетирањето на трансферот од 37 милиони фунти од Аталанта, добивајќи го бројот 19 во тимот на Оле Гунар Солскјер.

18-годишниот Диало, за кого фановите на Јунајтед се надеваат дека е „новиот Кристијано Роналдо“,имаше пет настапи за сениорскиот тим на Аталанта, пред Јунајтед да го земат откако го следеа повеќе од една година. Тој го добива бројот 19, кој пред него го носеа фудбалери како Маркус Рашфорд и Двајт Јорк.

„Откако чекав од летото, конечно се оствари сонот и дојдов во Манчестер јунајтед. Јас сум многу амбициозен и има многу работи кои сакам да ги остварам во фудбалот и кога разговарав со менаџерот знаев дека дојдов во совршен клуб. Имаме возбудлив тим со многу големи фудбалери и ќе работам напорно од првиот ден за развој на мојата игра. Имав време да се подготвам за трансферот, физички и ментално“, вели Диало.

Оле Гунар Солскјер најави дека Диало ќе тренира со првиот тим, иако не е сигурно кога ќе добие шанса да го има своето деби.

„Го следевме Амад повеќе години и верувам дека е највозбудливиот млад играч денеска. Манчестер јунајтед имаат горда историја на развој на млади фудбалери и тука Амад може да го оствари потенцијалот“, изјави Солскјер.

Scroll to Top