Top Sport

Лукаку во 119. минута донесе победа за Интер!

Интер на драматичен начин се пласираше во четврт-финалето на Копа Италија, откако Ромелу Лукаку во 119. минута постигна гол на „Артемио Франки“ за трилер 2:1 победа над Фиорентина.

„Нераѕурите“ имаа предност од 0:1 од 40-тата минута, кога Артуро Видал од пенал постигна гол, но Кристијан Куаме израмни за Виола на почетокот на второто полувреме (56. минута), по што до крајот немаше голови и се отиде во продолженија.

Кога се мислеше дека пеналите ќе морат да одлучуваат за патникот меѓу најдобрите осум клуба, Ромелу Лукаку со фантастичен удар со главата во 119. минута донесе победа.

Scroll to Top