Top Sport

Моментално е руина – На ова место ќе се игра фудбал на ЕП во 2028 година

Обединетото Кралство и Ирска ќе го организираат Европското првенство во 2028 година. Турците се откажаа со намера да се фокусираат на домаќинството на ЕП четири подоцна. Поради тоа, УЕФА наскоро и официјално ќе им додели на Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Ирска домаќинство на ЕП кое ќе се игра за пет години.

ЕУРО 2028 ќе се игра на десет стадиони ширум Обединетото Кралство и Ирска, од кои два се во изградба. Тоа се стадион на Евертон во Ливерпул, кој треба да биде подготвен за следната сезона, а допрва ќе започне изградбата на стадионот во Белфаст, Северна Ирска.

Поточно стадионот на кој ќе се игра ЕП е изграден, но постоечкиот објект ќе биде урнат и Белфаст ќе добие сосема нов стадион. Станува збор за Кејсмент парк, стадионот на кој некогаш се играше ирски фудбал, но кој е напуштен веќе десет години. Моментално е во обраснат во трева и е во трошна состојба.

На местото на сегашните урнатини ќе се гради нов стадион кој ќе може да прими 34.500 гледачи. Жителите на Западен Белфаст, делот од градот во кој се наоѓа Кејсмент Парк, се обиделе да ја спречат изградбата на новиот стадион, сметајќи дека тоа негативно ќе се одрази на нивните животи, но не успеале.

Стадиони кои ќе бидат домаќини на ЕП 2028:

Вембли (Лондон, Англија)
Стадион на Тотенхем Хотспур (Лондон, Англија)
Етихад (Манчестер, Англија)
Стадион на Евертон (Ливерпул, Англија) – во изградба
Сент Џејмс Парк (Њукасл, Англија)
Вила Парк (Бирмингем, Англија)
Националниот стадион на Велс (Кардиф, Велс)
Хемпден парк (Глазгов, Шкотска)
Арена Даблин (Даблин, Ирска)
Кејсмент парк (Белфаст, Северна Ирска)

Scroll to Top