Top Sport

Монако го освои „Паркот на принцовите“, Лил сега „бега“ четири поени

Пари Сен-Жермен го доживеа шестиот пораз во Лига 1 оваа сезона, откако на „Паркот на принцовите“, фантастичниот Монако стигна до славна 0:2 победа, продолжувајќи ги одличните игри под тренерот Нико Ковач и во исто време оддалечувајќи ги „светците“ на четири поени од првото место, каде што Лил останува по убедливата 4:1 победа на гости кај Лориен.

Во лошото прво полувреме за тимот на Маурисио Почетино, во кое немаа удар на голот, Софијан Диоп уште во шестата минута им донесе водство на Монако, за во второто полувреме, Гијермо Марипан во 57. минута да го удвои водството.

Лил е прв во Франција со 58 поени, три пред Лион и четири пред ПСЖ, додека Монако сега се четврти со 52 поени. Петтопласираниот Ленс е далеку со 40 поени.

ЛИГА 1, 26.КОЛО

Пари Сен-Жермен – Монако 0:2

Лориен – Лил 1:4

Монпелје – Рен 2:1

Ленс – Дижон 2:1

Ница – Мец 1:2

Ним – Бордо 2:0

Стразбур – Анжер 0:0

Scroll to Top