Top Sport

Харден ги среди Клиперси

Бруклин Нетс со победа над ЛА Клиперс ја заокружија успешната турнеја по Западната конференција. Нетс, без Кевин Дурент, славеа над Клиперси со 112:108. На оваа турнеја Бруклин Нетс, славеа над Голден стејт, Сакраменто, Лејкерс, Финикс и Клиперс.

Џејмс Харден ги предводеше Нетс до победата со 37 поени, 11 скокови и седум асистенции. „Брадата“, ги постигна последните два поени на мечот, од линијата за слободни фрлања.

Никола Вучевиќ, продолжи со импресивните партии од почетокот на сезоната. Црногорецот го предводеше Орландо до победата над Детроит 105:96. Вучевиќ натпреарот го заврши со 37 поени и 11 скока. Центарот на Орландо седми пат сезоната постигна повеќе од 30 поени на еден натпревар.

Денвер Нагетс паднаа во Атланта 115:123. Атланта ја забележа втората победа на последните десет натпревари, додека Денвер на последните седум гостински мечеви, имаат шест порази.

Тре Јанг и Клинт Капела се истакнаа во редовите на Атланта. Јанг постигна 35, а Капела 22 поени. На спортивната страна Џамал Мареј уфрли 30 поени, а Никола Јокиќ одигра под своите стандардни забележа „само“ 15 поени, 10 скока и шест асистенции.

Резултати:

Њу Орлеанс-Бостон 120:115
Кливленд-Оклахома 101:117
Торонто-Филаделфија 110:103
Њујорк-Минесота 103:99
Милвоки-Сакраменто 128:115

Scroll to Top