Top Sport

Монако не му прости на „ранетиот“ ПСЖ

Фудбалерите на Монако му го нанесоа третиот пораз во Лига 1 на актуелниот првак Пари Сен Жермен, совладувајќи го со 3:1. Тимот на Кристоф Галтие беше без Меси и без Мбапе, а тоа „кнезовите“ знаеја да го искористат.

Головин донесе водство уште во четвртата минута, а Бен Једер зголеми на 2:0.

ПСЖ намали во 39.минута преку Заире-Емери, но Бен Једер непосредно пред полуврето погоди уште еднаш за 3:1. Тоа и дефинитивно беше нокаут за „светците“ на овој дуел.

Scroll to Top