Top Sport

Фламенго со супер-финиш до трето место на Светското клупско првенство

Бразилскиот тим Фламенго го освои третото место на Светското клупско првенство кое се одржува во Мароко откако го совлада египетскиот Ал Ахли со 4:2. Бразилците имаа одличен финиш на мечот и на крајот заслужено славеа.

Габриел Барбоса од пенал донесе предност за Фламенго во 11.минута, но Ахмед Абделкадер успеа да израмни пред полувремето.

Ал Ахли не искористи пенал на стартот на вториот дел, а потоа сепак поведе со 2:1, со вториот гол на Ахмед Абделкадер. Но, набрзо Ал Ахли остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Абдулфетах, а Фламенго тоа знаеше да го искористи.

Педро во 77.минута израмни на 2:2, Габриел Барбоса од пенал направи нов пресврт во 85.минута, а повторно Педро погоди за конечни 4:2 во 91.минута.

Scroll to Top