Top Sport

Монако со луд камбек против ПСЖ, откако им поништија два гола на „светците“

Монако успеа да стигне до славна 3:2 победа над Пари Сен-Жермен во петочното дерби во Лига 1, откако гостите имаа 0:2 предност на „Луј Втори“ и им беа поништени два гола пред неверојатниот камбек на тимот на Нико Ковач.

Тимот на Томас Тухел имаше одлично прво полувреме – Килијан Мбапе своето враќање на теренот го прослави со гол во 25. минута, а 12. минути подоцна беше досуден пенал и тој го удвои водството. До крајот на полувремето, на ПСЖ им беа поништени два гола, еден на Мбапе и еден на Моисе Кин.

Меѓутоа, второто полувреме целосно им припадна на „кнезовите“ – Кевин Воланд во 52. и 66. минута успеа да го сврти мечот наопаку, пред во 84. минута да биде досуден пенал, кој Цеск Фабрегас сигурно го реализираше.

ПСЖ остануваат лидер со 24 поени по 11 меча (во кои имаат три порази), но Монако сега се втори со само четири поени помалку.

Scroll to Top