Top Sport

Кампацо блесна во последниот евролигашки меч, Реал го „уништи“ Фенер

Факундо Кампацо со шоу се збогуваше со фановите на Реал Мадрид, предводејќи ги до неверојатна 94:74 победа над Фенербахче, уште еднаш покажувајќи колку ќе им недостасува кога ќе заигра во НБА лигата.

Аргентинецот Кампацо го чекаше трансфер периодот во НБА, но тоа не му пречеше да има фантастични мечеви со „кралевите“ – прво со дабл-дабл за победа на гости кај Жалгирис, по што имаше уште четири победи пред мечот со турскиот клуб.

Кампацо имаше 9 од своите 12 асистенции во првото полувреме, во уште еден спектакуларен меч за нападот на Реал. Нандо де Коло недостасуваше за Фенербахче, за кои ова е нов пораз во нестабилната прва сезона под водство на Игор Кокошков.

ЕВРОЛИГА, 10.КОЛО

Алба Берлин – Зенит Санкт Петерсбург 66:73 (10:12, 12:21, 21:18, 23:22)

Милано – Жалгирис Каунас 98:92 (21:25, 31:15, 21:24, 25:28)

Барселона – Црвена звезда 76:65 (19:6, 20:16, 22:22, 15:21)

Реал Мадрид – Фенербахче 94:74 (28:12, 21:24, 23:15, 22:23)

Валенсија – Макаби Тел Авив 82:80 (19:17, 24:20, 15:22, 24:21)

Scroll to Top