Top Sport

Монако триумфираше на гости кај Оксер

Монако стигна до победа (2:3) на гости против Оксер и го држи курсот за пласман во Лигата на шампионите.

Мбаје Нианг во 30.минута погоди од пенал за водство на домаќинот, но Висам Бен Једер израмни исто така од пенал пред крајот на првиот дел.

Елесе бен Сегир се погрижи за пресврт, но Фофана постигна автогол за израмнување, 2:2. Сепак, 17-годишниот Бен Сегир во 85.минута постигна победнички погодок.

Scroll to Top