Нов шок за Тјери Анри и неговиот Монако! Тимот од малото кнежевство беше толку блиску до победа во дуелот со второпласираниот Монпелје, за сѐ да се распадне за само пет минути во финишот на натпреварот и тимот да го доживее деветтиот пораз во 15 кола во Лига 1.
Тимот кој пред само две сезони беше шампион на Франција сега ќе мора грчевито да се бори за опстанок во елитата откако не успеа да сврзе две победи во низа.
Монако дојде во водство во 43. минута преку Јури Тилеманс по еден брз триумф за на „Луј Втори“ да се понадеваат на победа. Но, тогаш дојдоа пеколните пет минути во финишот на натпреварот. Прво во 81. минута Лабор постигна фантастичен гол со глава, за само четири минути подоцна српскиот напаѓач Петар Шкулетиќ да донесе три поени за Монпелје, кои сега се на второто место на табелата со 29 поени, 13 помалку од лидерот ПСЖ.
ЛИГА 1, 15.КОЛО
Лил – Лион 2:2
Анжер – Каен 1:1
Генгамп – Ница 0:0
Монако – Монпелје 1:2
Ним – Амиен 3:0