Top Sport

Шмидхофер како Ренате Гечл во Лејк Луис (видео)

Никол Шмидхофер цела кариера ја чекаше својата прва победа од Светскиот куп во алпско скијање, за во два дена да стигне до втор триумф во канадскиот ски-центар Лејк Луис.

По деби победата на првиот спуст од сезоната во петокот, 28-годишната Австријка успеа да триумфира и во саботниот спуст со време од 1:47.68, победувајќи ја за 44 стотинки својата сонародничка Корнелија Хитер. Швајцарката Мишел Гисин, која беше втора во петокот, стигна до втор подиум со третото место со 0.47 секунди послабо време.

На четвртото место неочекувано заврши Американката Микаела Шифрин, специјалистката за технички трки, со што го зголеми водството во генерален пласман.

Утре на програмата е супер-џи трката, каде што Шмидхофер може да оди на тројна победа, нешто што досега и успеало само на Американката Линдзи Вон. Шмидхофер е првата австриска скијачка која успеала да стигне до две победи во низа во спустот по легендарната Ренате Гечл во 2007 година.

Scroll to Top