Top Sport

Монца го сака Единсон Кавани во нападот

Новиот италијански калчолигаш Монца е заинтересиран за напаѓачот Единсон Кавани. Уругваецот не беше задоволен од минутажата што ја имаше на „Олд Трафорд“ и реши да го напушти овој клуб, но се очекува многу брзо да пронајде нова средина.

Италијанските медиуми денеска објавија дека постои можност Кавани кариерата да ја продолжи во Серија А, во дресот на новиот прволигаш Монца. По 40 години овој клуб се врати во друштвото на најдобрите и сака максимално да го засили тимот.

Челниците на Монца веќе стапиле во контакт со искусниот напаѓач и му понудиле едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Контактите беа воспоставени пред десетина дена, а во Монца сега го чекаат одговорот на Кавани и се надеваат дека Уругваецот ќе се согласи да дојде во овој клуб.

Кавани на тој начин би се вратил во Италија по девет години кога од Наполи се пресели во ПСЖ за 65 милиони евра. Играше на Апенините и во дресот на Палермо.

Scroll to Top