Top Sport

Монца ќе ги ангажира Дибала и Икарди

Фудбалскиот клуб Монца на чие чело е поранешниот претседател на Милан, Силвио Берлускони, а прв оперативец е неговиот долгогодишен соработник Адријано Галијани, со големи амбиции ќе влезе во дебитанската сезона во Серија А.

Италијанските медиуми пишуваат дека Берлускони му дал задача на Галијани да ги донесе во Монца аргентинските ѕвезди, Паоло Дибала и Мауро Икарди.

Галијани веќе ги започнал преговорите со сопругата на Икарди, Ванда Нара. Многу е веројатно дека Икарди ќе пристигне во Монца како позајмен играч од ПСЖ.

Слично е ситуацијата и со Дибала, кој од вчера е слободен играч, но поради финансиските барања, не се наоѓа во плановите на ниту еден од големите тимови.

Истовремено, Монца работи на доведување на Матео Песина од Аталанта, кој со Италија го освои Европското првенство во 2021 година.

Монца веќе се засили со дефанзивецот Андреа Ранокија кој дојде од Интер и со голманот на Калјари, Алесио Крањо.

Scroll to Top