Top Sport

Донован Мичел се сели во Њујорк Никс?

Њујорк Никс се на прагот да го ангажираат најдобриот играч на на Јута Џез, Донован Мичел, пишуваат американските медиуми.

Првиот ден од преодниот рок во НБА донесе многу возбудувања, Никола Јокиќ го потпиша најголемиот договор во историјата на лигата, додека супер макс договори потпишаа Бредли Бил, Девин Букер, Џа Морент, Зајон Вилијамс…

Исто така, се случи голема трампа помеѓу Минесота Тимбервулфс и Јута Џез, по која центарот Руди Гобер заврши во Минесота.

Заминувањето на Мичел значи дека Јута ќе започне со целосна реконструкција на тимот.
Покрај Гобер, џезерите го трејдуваа Ројс О’Нил во Бруклин.

Според добро информираниот Иан Бегли, Јута Џез најверојатно ќе го испратат Донован Мичел во Њујорк Никс. Во моментов, она што го кочи договорот е бројот на драфт избори, бидејќи Никс не се подготвени да се откажат од нив така лесно.

Сепак, треба да се има предвид дека тренерот Том Тибодо баш и не сака да работи со дебитанти, но и дека Донован Мичел соработувал со помошникот на Тибодо, Џони Брајант во Јута и дека тој му помогнал да ја подигне кариерата на повисоко ниво.

Исто така, Мичел израснал во Њујорк и е голем фан на Никс.

Scroll to Top