Мончи ги потврди шпекулациите дека ќе се врати во тимот на Севилја вторпат на позицијата спортски директор, откако беше отпуштен од Рома, а ги отфрли понудите на Арсенал за преселба на островот.
Англиските медиуми тврдеа дека Мончи е главен кандидат да го замени Свен Мизлинтат како главен за трансфер-политиката на „топчиите“ поради неговата претходна соработка со Унаи Емери, но по две години во Италија тој се враќа дома објавувајќи фотографија на Твитер со порака: „Срцето никогаш не заборава каде чука најдобро“.
Севилја испадна во драматичен меч од Славија Прага во Лига Европа, по што беше отпуштен тренерот Пабло Мачин, а на негово место дојде дотогашниот директор на фудбал, Хоакин Капарос. Претседателот на Севилја, Хозе Кастро претходно работеше 17 години со Мончи, период во кој освоија 11 трофеи, вклучувајќи три титули од Лига Европа.
Мончи беше важен за голем број на атрактивни трансфери и продажби на фудбалери како Дани Алвеш, Серхио Рамос и Иван Ракитиќ.
Solo eso….. que a la vez es mucho
Buen sábado!!! pic.twitter.com/6IbcBbLrC4
— Monchi (@leonsfdo) March 16, 2019
“I don’t want this to be a goodbye. I want this to be a see you soon”
? Monchi has come home.
Info ➡️ https://t.co/ZCRjvjMdlM pic.twitter.com/0PJXOE0OUY
— Sevilla FC (@SevillaFC_ENG) March 17, 2019