Фиорентина пропушти сигурна победа против Аталанта во еден драматичен меч, по што имаат неславна серија од 18 натпревари без победа во Серија А, нивна најлоша серија од 1938 година, нешто што го загрижува тренерот Винченцо Монтела.
Виола имаше 2:0 предност против Аталанта, но тие успеаја да се вратат во драматичен меч, со што Фиорентина е на последното место на табелата без ниту една победа оваа сезона, и вкупно 18 кола без победа ако се смета и минатата сезона – последен триумф им е против СПАЛ на гости од 4:1 на 17 февруари. Најлошата серија во историјата им е 21 натпревар без победа во 1937/38.
Монтела вели дека мора да се земе во предвид кои им биле противници оваа сезона.
„Игравме против Наполи, Јувентус и Аталанта, првопласираните три тима од минатата сезона и игравме добро против сите нив. Заслуживме нешто, но не добивме. Ако против тим како Аталанта ги мачиме да стигнат до голот, тоа е добра работа. Мораме да гледаме на позитивните работи, но сигурен сум дека вечерва нема да видам многу сон“, вели Монтела.
Драматичен финиш во Бергамо – џабе одличниот гол на Рибери (видео)