Top Sport

Монтела веќе се договорил со Фиорентина

Повеќе извори во Италија тврдат дека Винченцо Монтела веќе се договорил да биде тренер на Фиорентина со договор до јуни 2020 по оставката на Стефано Пиоли.

Виола се пласирани во полуфиналето на Копа Италија, но по низата слаби резултати во Серија А, Пиоли си даде оставка, а сега според „Скај спорт Италија“ и „Тутомеркато“, Монтела се договорил за сума од 1.5 милиони по сезона со опција за продолжување на договорот.

Ова би било враќање на „Артемио Франки“ за Монтела, кој веќе беше нивни тренер од 2012 до 2015 година, предводејќи ги на 153 натпревари. Оттогаш, тој работеше Сампдорија, Милан и Севилја, без импресивни резултати.

Scroll to Top