Top Sport

Хабиб: Кога ми се јави Путин, бев опкружен со полицајци! (видео)

УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов го откри разговорот кој го имал со рускиот претседател, Владимир Путин по неговата контроверзна победа над Конор Мекгрегор минатиот октомври.

По оваа победа на УФЦ 229, се случи хаос во Лас Вегас, кога Нурмагомедов се прекачи преку оградата и влезе во конфликт со луѓето од тимот на Ирецот, по што добија релативно мали казни. 30-годишниот Нурмагомедов во посета на Универзитетот Плеханов во Русија откри што точно му кажал Путин по мечот.

„По мечот имаше многу луѓе од обезбедувањето, но и полиција. Полицајците ме опкружија и не однесоа до соблекувалните и ни кажаа дека ќе се заддржиме таму, бидејќи ќе беа потребни 2-3 часа да ја затворат арената и да осигураат сите гледачи да си заминат. Тогаш добив повик преку телефонот на Ислам Махачев, кој ми кажа дека за неколку минути ќе ми се јави Владимир Путин. Тој веднаш ме праша: ’Како се работите?’. Му кажав дека сме во ред, но дека сме опколени. Тој ми честиташе и ми кажа дека го гледал мечот. Ми кажа да ги контролирам емоциите и да не реагирам на провокации и дека не чека дома. Зборувавме околу една минута. Беше навистина пријатно во таков тежок момент да добиеш повик од претседателот, кој те поддржува“, вели Нурмагомедов.

Scroll to Top