Top Sport

Шпанскиот премиер останува навреден од Пеп Гвардиола

Шпанскиот премиер Педро Санчез вели дека уште е „навреден“ од менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола и неговите коментари дека Шпанија е „авторитарна и репресивна држава“.

Гвардиола и неговото семејство (посебно неговата сестра) се поддржувачи на каталонската независност и тој ја нарече Шпанија така на митинг во Барселона во јуни 2017.

„Секако дека тоа ми пречи. Навреден сум бидејќи тоа што го тој го кажа не е вистина. Покрај тоа, истата земја за која тој зборува му понуди шанса да биде селектор на репрезентацијата“, вели Санчез во интервју за „Марка“.

Гвардиола оваа сезона изјави дека би сакал да стане шпански селектор, но федерацијата никогаш не го побарала. 48-годишниот Гвардиола имаше 48 настапи за Шпанија и освои злато на Олимпијадата во Барселона во 1992, настапувајќи на СП во 1994 и на ЕП во 2000. Сепак, надвор од Каталонија неговиот углед е намален поради неговата кампања за независноста на Каталонија.

Scroll to Top