Top Sport

Мората: Алегри ме советуваше да останам во Јувентус

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, кој втора сезона како позајмен играч го носи дресот на Јувентус, Алваро Мората, открил дека тренерот Макс Алегри го убедил да остане во клубот.

Во зимскиот преоден рок, Мората се поврзуваше со трансфер во Барселона. Каталонците не успеаја да се договорат со Атлетико и тој остана во Торино.

„Имав состанок со Алегри, по повод понудата од Барселона. Тој ми кажа дека доаѓањето на Валховиќ за мене ќе биде добро. Неговото мислење се покажа како точно. Среќен сум во Јувентус, доколку јас се прашувам би останал во Торино до крајот на кариерата“, рекол Мората.

Мората заедно со Валховиќ утре ќе го предводи нападот на Јувентус, во првиот осмина-финален меч против Виљареал.

Scroll to Top