Top Sport

Мората ги спаси Јуве од нов пораз, Дармијан повторно „џокер“ за Интер

Интер направи уште еден чекор до скудетото, откако повторно Матео Дармијан во финишот на мечот постигна одлучувачки гол за 1:0 победа над Интер, додека Јувентус избегна пораз на тешкото гостување кај Фиорентина, откако Алваро Мората постигна гол по само 32 секунди на стартот на второто полувреме.

„Нераѕурите“ со победата, обезбедена во 76. минута од мечот се одвоија на 13 поени пред Милан (кои во понеделник играат со Лацио), по 33 одиграни кола.

На „Артемио Франки“ пак, Фиорентина поведоа во првото полувреме со голот на Душан Влаховиќ од пенал, пред на стартот на второто полувреме, Мората, кој само што влезе во игра, постигна прекрасен гол за 1:1. Јувентус исто така има 66 поени како Милан на третото место на табелата.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

СЕРИЈА А, 33.КОЛО

Фиорентина – Јувентус 1:1

Интер – Верона 1:0

Беневенто – Удинезе 2:4

Scroll to Top