Барселона предводена од Лионел Меси синоќа го декласира Челси 3:0 и се пласира во четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Во составот на Челси, во второто полувреме, играше и Алваро Мората. Шпанецот во 67.минута го замени повредениот Оливие Жиру.
Бидејќи е поранешен играч на мадридски Реал, од моментот кога влезе во игра, навивачите на Барселона на секакви начини го провоцираа Мората.
Екс играчот на Реал не им остана должен и неолку пати им возврати на невкусен и примитивен начин.