Фудбалерот на Челси, Алваро Мората, в неделата, прв пат стана татко. Тој и неговата избраничка Алис станаа родители на близнаците Алесандро и Леонардо.
Веста дека станал татко Мората ја објави на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Дојде и тој ден 29.јули 2018, ден што нема никогаш да го заборавам. Чекањето беше долго.
Минаа девет месеци, но нас ни делуваше како да поминаа три години. Немам зборови со кои би можел да ти се заблагодарам Алис.
Ти благодарам за најубавиот подарок што постои на овој свет. Откако те запознав му се заблагодарувам на Бога што те испрати кај мене, ти си каменот темелник на мојот живот.
Овие месеци се бореше како лавица, се гордеам со тебе“, напишал гордиот татко.