Top Sport

Мората заминува во јануари

Алваро Мората најверојатно ја заврши својата мисија на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон. Шпанските медиуми пишуваат дека клубот ќе му дозволи во јануарскиот преоден рок да си побара друг тим.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Јувентус, во Лондон се пресели во 2017 година за сума од 70 милиони евра. Имаше солидна прва сезона, но оваа не личи на себе, а кај новиот менаџер Маурисио Сари го загуби местото во стартната постава. Големи проблеми му прави и хроничната повреда на грбот.

Од почетокот на сезоната има постигнато пет гола во Премиер лигата и два во Лига Европа.

Челси ќе се обидат да го продадат шпанскиот напаѓач, но медиумите пренесуваат дека најреална е опцијата тој да му биде позајмен на Милан.

Scroll to Top