Top Sport

О’Саливен влезе во историјата на снукерот

Легендарниот Рони О’Саливен ја освои рекордната седма титула на Отвореното првенство на Обединетото кралство и стана играч со најмногу титули во историјата на снукерот. О’Саливен, во неделата вечерта, го освои 19. гренд-слем трофеј во кариерата.

О’Саливен трофејот го одбрани со победата над Марк Ален од Северна Ирска. Финалето го доби со 10:6, што воедно беше и негов реванш за четврт-финалниот пораз на Мастерсот. 43-годишниот О’Саливен на вечната листа го престигна својот идол Стив Дејвис, кој остана со шест титули.

Рони својата прва титула на Отвореното првенство на Обединетото кралство ја освоил на 18-годишна возраст. Тој има освоено вкупно 19 титули на турнирите кои се наречени „тројна круна“ (Светско првенство, Отворено првенство на Обединетото кралство и Мастерс) и за еден трофеј го надмина рекордот на Стив Хендри.

Вкупно има 34 трофеи кои се бодуваат за светската ранг листа. Лидер на оваа листа е Хендри со 36 титули.

Scroll to Top