Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати признава дека „нераѕурите“ тешко дека ќе ја одбранат титулата во Серија А, но се надева дека последното коло оваа сезона може да се претвори во „5-ти мај“ за Милан“.
Во последното коло во Италија, Интер дома го пречекува тимот на Сампдорија, додека Милан гостува кај Сасуоло – предноста на Милан е два поени.
Датумот 5-ти мај не е во добро сеќавање на навивачите на Интер, откако во последното коло во сезоната 2000/01 ја загубија титулата од Јувентус – Јуве победи со 2:0 кај Удинезе, додека Интер загуби со 4:2 од Лацио на „Олимпико“. Морати тогаш беше претседател на Интер и сега се надева дека Милан ќе капитулира во последното коло.
„Тешко е, но во фудбалот многу работи се можни. Чудата се случуваат и ситуацијата може веднаш да се смени. Ние добро го знаеме тоа. Милан и Интер се големи тимови, но може да врне како во Перуџа, или Милан може го чека иста судбина како нас на 5 мај. Можеби 22 мај е нивниот 5 мај. Да видиме“, вели Морати.