Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати вели дека „сите“ се надеваат дека Јувентус ќе загуби некој поен во новата сезона, и додава дека најмногу е разочаран од тимот на Рома. Неговиот поранешен клуб Интер е на делба на второто место со Наполи по убедливата 3:0 победа над Лацио во Рим вчера.
„Засега, сезоната во Серија А е фасцинантна. Јувентус се одвоија, но Наполи и Интер играат убав фудбал и имаат свои надежи. Се надевам дека ќе се борат до крај. Секогаш има надеж, и најважно е да се игра атрактивен фудбал и да се привлечат фанови во Серија А. Сите сонуваат Јувентус да загуби по некој поен за да ја направи трката по скудетото интересна. Од друга страна, ова е најсилниот Јувентус во историјата“, вели Морати.
Ако е импресиониран од Наполи и Интер, Морати е разочаран од Рома.
„Најмногу разочара Рома, бидејќи продадоа дел од важните фудбалери. Од другата страна се Милан, кои прават повеќе од тоа што се очекуваше пред стартот на сезоната, така што не се вистинско разочарување“, вели Морати.